Папата Франциск: Расизмот е вирус кој демне

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денес го осуди расизмот, споредувајќи го со вирус кој демне и дури кога ќе се појави, тоа покажува дека сегашниот општествен напредок не е толку реален или конечен како што мислат луѓето.

Тој објави твит за расизмот на денот кога Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден за борба против расна дискриминација, објави АП.

Папата го спореди расизмот со вирус кој брзо мутира и наместо да исчезнува, тој се крие и демне.

„Случаите со расизам продолжуваат да не посрамотуваат, бидејќи тие покажуваат дека нашиот наводен социјален напредок не е толку реален или конечен како што мислиме“, напиша папата Франциск на Твитер.

Меѓународниот ден за елиминација на расна дискриминација се одбележува на 21 март, годишнината од отворањето на огнот во Шарпевил, Јужна Африка, од страна на полицијата во која загинаа 69 лица во мирни демонстрации против законот за апартхејдот од 1960 година.

Слични содржини