Папата Франциск: Украинците се маченички народ кој се соочува со тортура

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска изјави дека Украинците се соочени со дивјаштво, монструозност и тортура и ги нарече „маченички“ народ, пренесува „Ројтерс“.

Во обраќањето на крајот од аудиенцијата на плоштадот Свети Петар, папата, кој не ја именуваше Русија конкретно, им кажа на толпата за разговорот што го имал во вторникот со кардиналот Конрад Крајевски, негов помошник кој беше нападнат во Украина додека доставувал хуманитарни помош.

Папата Франциск ги нарече Украинците „маченички“ народ.

Слични содржини