Папата Франциск во Ирак: Доста беше насилство, екстремизам и корупција

од Stefanija Kuzmanovska

Веднаш по пристигнувањето во Ирак, прва посета на еден папа во историјата на таа земја зафатена со војни и пандемија, папата Франциск ги поздрави христијаните кои останаа таму и покрај сè и порача: „Замолчете го оружјето!“

Под строга заштита и движејќи се сам со маска поради пандемијата на ковид-19, 84-годишниот папа пристигна како во Ирак за да утеши една од најстарите христијански заедници во светот, ослабена од насилството и сиромаштијата.

– Доста беше насилство, екстремизам, нетолеранција – рече Папата. Имаше и многу „корупција“, за која стотици илјади Ирачани протестираа со месеци на крајот на 2019. Дури и тогаш, Папата го повика Ирак да престане да врши репресија врз младите кои бараат правда.

Неопходно е да се „воспостави правда“, нагласи Папата.

И дека „никој не треба да се смета за граѓанин од втор ред“, особено не христијаните, кои сочинуваат еден отсто од населението во земјата.

Слични содржини