Папата им порача на верниците да се откажат од „тролање“

од Aleksandar Petrovski

За време на велигденскиот пост католиците обично се откажуваат од некој порок, како на пример конзумирање на благо или пушење, но папата Франциск одлучи да ја осовремени листата на работи на која би се откажале пред Велигден и ги повика верниците да се откажат од „тролање“ – навредување на луѓе на социјалните мрежи.

„Во овој период треба да се откажеме од непотребни зборови, оговарање, гласини, и сплеткарење. Тоа е време да разговараме со Господ на „ти““, рече папата, обраќајќи им се на илјадниците луѓе на плоштадот свети Петар.

„Живееме во атмосфера загадена со премногу вербално насилство, премногу навреди и штетни зборови на интернет“, истакна папата Франциск.
Според папата денес луѓето се навредуваат меѓусебно толку лесно како што кажуваат „добар ден“.

Слични содржини