Папата: Не им судете на сиромашните, тие често се жртви на неправда

од Vladimir Zorba

На неделната миса во базиликата Свети Петар, на која присуствуваа 2.000 сиромашни луѓе, папата Франциск ги осуди општествата кои рамнодушно минуваат покрај сиромашните, честопати осудувајќи ги наместо да им помагаат.

За време на проповедта, Папата апелираше и на, како што рече, „растечката рамнодушност“ кон сиромашните, кои, како што наведе, често биле принудувани на сиромаштија поради неправдата“, пренесе агенцијата АП.

Поглаварот на Римокатоличката црква ја користи својата позиција од 2013 година за да привлече внимание кон оние кои живеат на маргините на општеството, наведува агенцијата.

„Ние сме дел од историјата обележана со тешкотии, насилство, страдања и неправди, кои секогаш го чекаме ослободувањето што се чини дека никогаш нема да дојде“, рече Папата.

Фокусирајќи се на сиромашните, како што рече папата, Црквата „замолува да не се тргаме настрана, да не се плашиме да ги погледнеме одблизу страдањата на најзагрозените“.

Папата Франциск не го истакна особено влијанието на климатските промени врз сиромашните, кои би можеле да бидат принудени да ги напуштат своите домови поради суши и поплави, јави Танјуг.

Сепак, тој изјави дека „додека нашата надеж не се претвори во одлуки и конкретни гестови на грижа, правда, солидарност и грижа за нашиот заеднички дом, страдањата на сиромашните нема да се ублажат, економијата што ги принудува да живеат на маргините нема да се трансформира, нивните очекувања нема повторно да процветаат“.

На миса, тој ги охрабри луѓето да го подобрат светот со „делење леб со гладните, работејќи за правда, подигање на сиромашните и враќање на нивното достоинство“.

Папата апелираше до луѓето да внесат света надеж преку „нежност кон сиромашните без осуда“.

Слични содржини