Папата откажа средба со дипломати поради ишијас

од Stefanija Kuzmanovska

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го одложи традиционалниот годишен прием со дипломати закажан за денес и ги намали своите обврски поради ишијас.

84-годишниот папа веќе го откажа учеството на две церемонии, на 31 декември и 1 јануари, поради „болниот ишијас“, објави Ватикан, додавајќи дека Франциск има ишијас со години, кој повремено го „стега“.

Пред околу десетина дена, папата ја прими првата доза на вакцината против коронавирус.

Папата е меѓу оние кои се изложени на ризик не само поради неговата возраст, туку во 1957 година имал акутен плеврит поради кој хирурзите мораа да отстранат дел од десното белодробно крило.

Слични содржини