Папата повторно „лајка“ секси девојки на Инстаграм (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Откако неодамна светот го обиколи веста дека официјалниот Инстаграм профилна Папата Франциск ставил „лајк“ на секси фото-модел од Бразил, слично нешто се случи пред неколку дена.

Овој пат, манекенката Маргот Фокс се пофали дека папата ја „благословил“ нејзината провокативна фотографија со лајк.

„Еј, тоа сум јас“, напиша таа во вторникот под сликата на објавата на која се гледа лајкот кој дошол од официјалниот профил на Папата, кого го следат повеќе од 7,5 милиони луѓе на Инстаграм.

Нова несреќа за Ватикан пристигна еден месец откако папата беше „уловен“ како ја „благословил“ фотографијата на 27-годишната Наталија Гарибото.

Ватикан побара објаснување од Инстаграм, но исто така даде до знаење дека тоа сигурно не дошло ниту од самиот Папа, имајќи предвид дека има тим што се грижи за социјалните мрежи.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи сè уште добро се забавуваат, а коментарите за папата Франциск се многу имагинативни.

„Само восхитувајте се на божествените творби, оставете го на мира“, се пошегуваа корисниците на Твитер.

Папата Франциско го следат 7,4 милиони луѓе на Инстаграм.

Тој има профил и на Твитер, каде го следат 18,8 милиони корисници на таа социјална мрежа, а во 2017 година, тој беше најпопуларниот светски функционер на Твитер.

Како што се наведува, поглаварот на Римокатоличката црква не ги пишува лично соопштенијата, туку ги одобрува и не „лајка“ ничии објави.

Слични содржини