Папата скршен поради масакрот во училиштето во Тексас

од Stefanija Kuzmanovska

Говорејќи за масакрот што се случи во Тексас, а во кој загинаа 19 деца и двајца наставници, папата Франциск рече дека е време да се каже доста за неселективната трговија со оружје за да не се случат вакви трагедии повторно.

Папата денеска рече дека срцето му е скршено од болка поради оружениот напад во училиште во Тексас во кој загинаа најмалку 19 деца и двајца наставници, јави „Ројтерс“.

„Срцето ми е скршено поради масакрот во основното училиште во Тексас. Се молам за децата и возрасните кои беа убиени и за нивните семејства“, рече папата.

Говорејќи за масакрот што се случи во Тексас, папата Франциск рече дека е време да се каже доста за неселективната трговија со оружје.

„Сите да се обврземе да не се повторат вакви трагедии“, рече тој.

Слични содржини