Папата: Тажен сум и се срамам од злоупотребата на деца во Франција

од Vladimir Zorba

Папата Франциск денеска изјави дека е тажен и се срами од неспособноста на Католичката црква да се справи со сексуалната злоупотреба на деца во Франција и дека Црквата мора да се направи себе си „безбеден дом за сите“.

„Би сакал да ја изразам својата тага до жртвите, тагата поради траумата што ја претрпеа, но и срамот, нашиот срам поради долгата неспособност на црквата да ги стави во центарот на нејзините грижи“, рече папата Франциск, цитиран од Ројтерс.

Само еден ден откако големата истрага откри дека француското свештенство злоупотребило повеќе од 200.000 деца во текот на 70 години, папата ја повика Католичката црква во Франција да преземе одговорност за она што се случи, да ја направи црквата „безбеден дом за сите“.

Слични содржини