Парада на гордоста

од desk4

Во Скопје денеска напладне ќе се одржи првата Парада на гордоста.

    

Организаторите повикаа на гордо марширање во знак на протест против дискриминацијата на ЛГБТИ-лицата.

Во организација на Министерството за труд и социјална политика во македонскиот главен град се одржа и регионална конференција за Унапредување на правата на ЛГБТИ-заедницата. Министерката Мила Царовска нагласи дека со носењето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација е направен историски чекор.

„Свесни сме дека сѐ уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТИ-заедницата. Позитивните промени можеме да ги донесеме само заедно, бидејќи секој од нас има улога и општествена одговорност“, рече Царовка.

DW.COM

Слични содржини