Парада на победата во Москва (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 12.500 луѓе, повеќе од 190 единици вооружување, воена и специјална опрема, како и 76 авиони и хеликоптери денеска ќе учествуваат на свечената Парада на победата во Москва по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот.

На 9 мај се одбележува Денот на победата над фашизмот, кога нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата во Втората светска војна. Се слави на 9 мај, иако Втората светска војна конечно заврши дури неколку месеци подоцна со безусловна капитулација на Царската Јапонија по трагичната употреба на атомската бомба во Хирошима и Нагасаки.

Воената опрема и пешадиските ешалони на руските вооружени сили се собираат на улицата Тверскаја во Москва, подготвени за претстојната Парада на победата.

Ешалоните на технологијата го чекаат почетокот на парадата.

Слични содржини