Парична казна за 15 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

од Aleksandar Petrovski

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сите обвинети, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во одделни настани, за време на полицискиот час биле затекнати како се движат пеш, со велосипеди или возила низ градот. Со преземените дејствија тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на судот му предложил на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​

Слични содржини