Парична казна за 975 лица за неносење маски

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 9156 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 975 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 383 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 6 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 66 лица.

Слични содржини