Парис Хилтон може и никогаш да не е  влегувала во ранг-листите за најстилски облечените дами, но сепак таа дефинитивно знае од кого да “впива” модни идеи. Излегува дека инспирација на хотелска наследничка е Викторија Бекам.030ce12c55aeeaa6ccf264dd1b501207

Парис откри дека го обожава стилот на сопругата на Дејвид Бекам и е нејзин голем обожавател. 34-годишната Хилтон сподели уште дека ја смета 41-годишната модна дизајнерка за “класа и стил”.

Сѐ попознатата и како диџеј, русокоса, го дополни списокот со стилски икони, и ги вклучи во него уште Мерилин Монро и Одри Хепберн . “Кога работам, ми се допаѓа да изгледам поблескава. Сакам моите очи да изгледаат како оние на Мерилин Монро или Одри Хепберн, затоа користам големи лажни трепки и очна линија “ , открива Хилтон.

Само пред неколку дена таа беше кума на својата сестра Ники , која се омажи викендов. На настанот сепак Парис не беше придружена од својот нов омилен – Томас Грос .

Слични содржини