Париската полиција под зголемена готовност поради бегалец, кој можеби планира напад

од Vladimir Zorba

timthumb (7)

Безбедносните служби во Париз објавија фотографија од Авганистанец, кој е во бегство, а кој е осомничен дека можеби планира напад во главниот град на Франција.

– Полицијата не го знае името на Авганистанецот и не почнала активна порага по него, изјави претставник на полицијата.

Според француските медиуми, мажот престојувал во Франција изминатите два месеца.

Париз е во состојба на зголемена готовност поради можен напад за време на фестивалот „Пари Плаж“.

Секое лето во Париз се затвора патот крај реката Сена, а по нејзините брегови се истура песок и се прави вештачка плажа. По нападот во Ница влезовите кон местото се блокирани со автомобили и бетонски блокови.

Франција се уште се соочува со последиците од двата напада извршени минатиот месец од приврзаници на Исламска држава, од кои едниот беше во Ница, кога напаѓач со камион прегази 84 лица. Во вториот напад во црква во Нормандија беше убиен свештеник.

Од ноември минатата година кога бомбаши-самубијци убија 130 лица во Париз, во земјата во сила е вонредна состојба.

Слични содржини