Париско предградие како воена зона: Градот гори веќе 4 ноќи, а се почна по смртта на едно момче (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Париската полиција се судри со демонстрантите во предградието на Париз, а причината е смртта на 18-годишно момче.

Момчето Сабри Чуби загинал во сообраќајна несреќа во текот на викендот, а граѓаните ја обвинуваат полицијата за неговата смрт. Од друга страна, полицијата во неколку наврати негираше учество во несреќата, тврдејќи дека полициското возило не го гонело младиот мотоциклист.

Ова предградие на Париз веќе четврта вечер гори, а демонстрантите се бесни поради друга несреќа со мотор со фатални последици за само еден месец. Имало неколку пожари на улицата, а демонстрантите ја гаѓале полицијата со пиротехнички средства.

Повеќе од десет лица се уапсени од смртта на Чуби во неделата, а најмалку тројца полицајци се повредени.

 

 

Слични содржини