Париз: На протестите една жена загина, 227 повредени

од Vladimir Zorba

Едно женскo лице (50) настрада вчера на протестите во Франција организирани поради високите цени на горивата, а најмалку 227 се повредени од кои шест се во тешка здравствена состојба, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Според министерството, на протестите имало 283.000 учесници. Дел од демонстрантите се обиделе во Париз да се приближат и до Елисејската палата по што полицијата интервенирала употребувајќи солзавец.

Приведени се 117 луѓе од кои 73 се задржани на информативни разговори.

Жената го загубила животот откако во неа удрил автомобил во кој била мајка со дете која се уплашила откако голем број демонстранти се приближиле до нејзиното возило. Мајката панично реагирала и со автомомбил удрила во демонстрантите и притоа настрадала жената, соопшти полицијата. Демонстрантите извикуваа „Макрон диктатор“.

Слични содржини