Париз со маски и тестирање организираше рок концерт со 5000 луѓе (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Француската престолнина Париз во саботата вечер беше домаќин на првиот рок концерт по долга пауза поради пандемијата на коронавирусoт, што бендот Индокин го одржа пред околу 5000 фанови, со употреба на маски и масовно тестирање.

Концертот беше организиран во арената „AccorHotels“ и е дел од експериментот што го започнаа париските здравствени власти за проценка на можноста за заживување на настаните во Париз, додека Франција постепено ги укинува ограничувањата наметнати во пандемијата „ковид-19“.

Кафулињата и рестораните повторно почнаа да примаат гости веќе на почетокот на месецот по шестмесечното затворање наметнато од владата за да се запре ширењето на инфекцијата. Но, допрва треба да се донесе одлука за протоколите што треба да ги придружуваат настаните како концертот.

Слични содржини