Париз влегува во едномесечен „локдаун“, Франција стравува од трет бран

од Stefanija Kuzmanovska

Главниот град на Франција, Париз, треба да влезе во едномесечен „локдаун“, а Франција стравува дека може да има трет бран на пандемијата.

Уште 15 региони во земјата, исто така, ќе бидат под истите мерки од петок на полноќ.

Овие мерки нема да бидат толку строги како претходните заклучувања, рече премиерот Жан Кастекс и на луѓето им е дозволено да вежбаат на отворено.

Франција во последните 24 часа евидентирала 35.000 нови случаи, пренесува Би-Би-Си.

Кастекс рече дека третиот бран на пандемијата е се поверојатен.

Ситуацијата во Париз е особено загрижувачка со оглед на тоа што 1.200 луѓе се на интензивна нега во тој град, што е повеќе отколку во екот на вториот бран во ноември, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Според новите мерки, несуштинските бизниси ќе бидат принудени да ги затворат вратите, но училиштата ќе останат отворени. На луѓето ќе им биде дозволено да вежбаат на отворено во радиус од 10 километри од нивниот дом и нема да им биде дозволено да патуваат во други делови на земјата, освен ако немаат валидна причина. Оние во погодените области ќе треба да пополнат образец што ќе објасни зошто ги напуштиле своите домови.

Полицискиот час ќе остане во сила, но ќе биде преместен во 19 часот, додека претходно беше во 18 часот.

Слични содржини