„Паркирај совесно!“ и оваа година ќе ги едуцираат средношколците од Скопје за правилно и прописно паркирање

од Берта Китинска

ЈП Паркинзи на Општина Центар, Министерство за внатрешни работи на РСМ, Град Скопје, Општина Центар и Коузон Корпорација од денеска во наредните четири месеци ќе го спроведуваат едукативниот проект „Паркирај совесно!. Станува збор за едукација на учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање.

Целта на овој проект, како што соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар, е да ги едуцира средношколците од трета година во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање, да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот, како и да им помогне да стекнат основни предзнаења за сообраќајот и прописното паркирање.

Проектот ќе се одвива во три фази, во првите два месеца во сите средни училишта во Скопје ќе се одржат интерактивни едукативни предавања за прописно и совесно паркирање наменети за средношколците од трета година како потенцијални идни возачи. Третиот месец учениците ќе излегуваат на терен заедно со контролорите на ЈП ПОЦ и сообраќајните полицајци и ќе ги предупредуваат сите несовесно паркирани автомобили, а оние кои се прописно паркирани ќе добијат пофалници. Со цел да се поттикнат поактивно да се вклучат во проектот, учениците ќе имаат задача да направат интересни фотографии од прописно и непрописно паркирани автомобили на паркиралиштата и ќе ги постираат на социјалните мрежи на проектот со интересни постови и хаштази.

Слични содржини