„Паркови и зеленило“ „засукаа“ ракави: Собрале 4 полни камиони ѓубре од ѓубре

од Vladimir Zorba

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно, соопштија од јавното претпријатие.

Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собрале четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг.

Апелираат до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваат Водно чисто.

Слични содржини