Партијата на Демирташ е категорично против пучот, но ќе ја продолжи борбата против Ердоган

од Vladimir Zorba

Прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) категорично е против обидот за преврат во Турција, но ќе ја продолжи својата борба против режимот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговото „потлачување“, изјави лидерот на оваа партија, Селахатин Демирташ, во интервју за агенцијата Франс прес.

timthumb (1)

Демирташ објасни дека нема противречност меѓу неговата поддршка за Ердоган во корист на демократијата од пред една недела и отпорот против неговиот режим.

ДПН стравува дека воведената вонредна состојба во земјата може да биде искористена за репресија, која повеќекратно ќе го надмине ловот на вештерки, почнат на 15 јули.
-Гласавме против вонредната состојба затоа што немаме доверба во АКП за ова прашање, изјави курдскиот лидер.

„Еден државен преврат во Турција никогаш не донел стабилност и демократија. Турција веќе е поразена од потлачувањето на Ердоган и превратот само ќе ги влошеше работите доколку успееше“, објасни Демирташ.

-Затоа, исправени пред превратот, ние ја поддржавме демократијата, рече тој, но додаде дека ДПН „не го подджува Ердоган, ниту политиката на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП)“.

„Сметаме дека грешките, дозволени од Ердоган, доведоа до овој пуч“, рече Демирташ.

Слични содржини