Партијата на јапонскиот премиер води на изборите за Горниот дом на Парламентот

од desk4

Либералната демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе освои најголема поддршка од неопределените гласачи на вчерашните избори за Горниот дом на јапонскиот Парламент, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу гласачите кои не се поврзани со ниту една партија, 23,5 отсто гласале за Либерално-демократската партија на Абе, а 20,6 проценти за најголемата опозициска демократска партија на Јапонија.

Јапонците вчера гласаа за 124 места во Горниот дом на Парламентот, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.

Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.

Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.

Слични содржини