Партијата на Каракачанов бара коските на Гоце Делчев да се вратат во Софија

од Nikola Popovski

Преговорите за членство на Македонија со ЕУ треба да се прекинат на 2 години, колку што се бара да се прекине работата на Мешовитата историска комисија, бараат од партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, во соопштение испратено до бугарските медиуми.

Од партијата наведуваат дека „доколку официјалните лица во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, да се вратат неговите коски во Домот на македонските Бугари во Софија“.

-Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува, стои меѓу другото во соопштението на бугарската ВМРО.

Партијата на Каракачанов додава дека ќе бараат од Владата на Република Бугарија еднострано да ги прекине преговорите за членство на Република Македонија со ЕУ.

По поклонението на 4 октомври 1946 година од македонскиот и бугарскиот народ, Гоцевите останки со посебна делегација и почесен одред, предводен од генералот Кирил Михајловски – Груица биле испратени од Софија во Скопје.

Слични содржини