Партијата на Путин доби 49,42 % од гласовите по преброени 80 проценти од гласачките ливчиња

од Vladimir Zorba

Партијата Единствена Русија, лојална на претседателот Владимир Путин, освои 49,42 проценти од гласовите на парламентарните избори, откако беа преброени 80,1 проценти од гласачките ливчиња, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК).

На второ место е Комунистичката партија со 19,28 проценти, потоа Либерално -демократската партија на Русија, која освои 7,55 проценти, Само Русија со 7,37 проценти и Новата народна партија со 5,37 проценти, пренесе агенцијата ТАСС.

Оние пет партии што го поминаа прагот од пет проценти ќе влезат во парламентот.

Партијата за раст не го помина цензусот со освоени 2,53 проценти, Граѓанската платформа 1,33, Јаболко со 1,1 проценти и другите партии кои добија помалку од еден процент од гласовите.

Ова се резултатите за 225 пратеници на Државната дума кои се избираат според пропорционалниот систем, односно преку листи, додека останатите 225 членови на долниот дом на парламентот ќе бидат избрани по мнозински принцип, по индивидуален натпревар на кандидати.

Изборите за Државната дума се одржаа во Русија од 17 до 19 септември.

Слични содржини