Партијата на Рамуш Харадинај бара да не се укинуваат таксите за српските производи

од Nikola Popovski

Членови на Алијанса за иднината на Косово (АБК), партијата на Рамуш Харадинај, денеска на оградата од зградата на косовската Влада поставија транспаренти со кои бараат да не се укинуваат таксите за артикли од Србија.

На транспарентите пишуваше „Вратете ги исчезнатите, а не српските производи“, „Со укинување на таксите, ќе не отпуштат од работа“, „Луѓето не забораваат, Србија не поминува“.

Активистите на АБК во дворот на Владата фрлија и кутија од „Плазма“ кекси.

АБК и претходно бараше од Владата да не ги укинува таксите за артиклите од Србија.

Слични содржини