Партиски активисти бележат граѓани кои излегле да гласаат

од Берта Китинска

Во општина Чашка забележано е како активисти на една од најголемите политички партии, ги бележат граѓаните кои излегле да гласаат.

Според фотографијата објавена  на социјалните мрежи бележењето на партиски списоци се прави од куќа на еден од членовите, но и од возило паркирано пред портата кое е пракирано до избирачкото гласачкото место.

Ваквата активност е казниво според закон и претставува кршење на Изборниот законик.Од МВР денеска информираа дека до 9 часот не е забележано прекршување на јавниот ред и мир на гласачките места.

Слични содржини