Партиски состаноци без почитување протоколи

од Nikola Popovski

Најголемата опоцисијата партија ВМРО-ДПМНЕ повторно одржува партиски состаноци без маски и почитување на здравствените протоколи донесени против коронавирусот.

Откако претседателот на патриотскиот институт на партијата, Александар Пандов, пред неколку денови беше сликан на состанок со членови на еден од општинските комитети на партијата, во затворена просторија, без маски и без дистанца, денеска на социјалните мрежи можеше да се забележи слична ситуација.

ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш побара оставка на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Дека е се под контрола, Филипче го демантираат и бројките на заразени од вкупниот број тестирани кои одат и над 30 проценти. Бројот на починати од корона се движи кон илјада. Македонија се најде и прва на листата на починати лица во 24 часа.  И наместо соодветна здравствена политика во време на пандемија, Филипче се грижи за шминкање на реалноста. Дали е Филипче свесен дека додека тој е министер има најголем број на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна. Одговорност за ваквата ситуација мора да има. Филипче единствено нешто што треба да направи е да даде оставка, а најдобра мерка на Владата е да ја прифати неговата оставка“, стои во соопштението на партијата.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6 отсто.

Слични содржини