Низ Центарот на Скопје партиски членови делат флаерите од црната кампања и ја клеветат опозицијата дека заговара федерализација. Во реонот околу главниот плоштад денеска можеа да се забележат две девојки со флаери и постери во рацете.

12278621_10205224544357460_2462259757111152900_n

Девојките велат дека се од Штип и дека флаерите им ги дале од партија. Избегаа пред да ни одговорат дали од партијата ги плаќаат за ваквата активност.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве интензивно обвинува трети лица дека заговараат федерализација и предавство на државните интереси. Всушност Владата предводена од оваа партија побарала извештај за примена на Охрискиот рамковен договор кој предлага негова ревизија која би навлегла во територијалниот интегритет на земјата. Извештајот е изработен од невладина организација со која управува експертот Питер Фејт и ја чинел државата 200.000 евра.

Слични содржини