Партнерот на Беливук ги имитирал ужасните злосторства на Калиниќ извршени за „земунскиот клан“?

од Vladimir Zorba

Според оперативните податоци, Марко Миљковиќ, познат како „Касап“ бил назначен за главен извршител на кланот Беливук, одговорен за тортура и уништување на тела. Со откривањето на индустриската месарска машина за мелење месо, прекарот што го имал Миљковиќ во белградското подземје станал јасен.

Очигледно, Миљковиќ ги имитирал ужасните злосторства извршени за „Земунскиот клан“ од закоравениот убиец Сретко Калиниќ, наречен „Звер“. Да потсетиме, Калиниќ изврши едно од најгрозоморните злосторства на овој клан.

Имено, во 2009 година, додека „Земуните“ се криеја во стан во Мадрид, Калиниќ, по наредба на Лука Бојовиќ, со чекан го убил членот на кланот Милан Јуришиќ, „Јуре“. Откако го убил, Калиниќ го исекол телото со пила за сечење дрва, а деловите ги измелел во мелница за месо. Направил гулаш од деловите од телото и му го послужиле на Владимир Милисављевиќ, наречен „Будала“!

Коските на Јуре биле фрлени во реката Манзанарес, каде полицијата ги пронајде повеќе од две години подоцна. Врз основа на ДНК на роднините на Јуре, утврдено е дека станува збор за него.

Тајната соба што беше откриена во куќата на ужасите во Ритопек, а која ја користеше криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, се наоѓа во куќата, помеѓу подрумот и една просторија. Станува збор за просторија која има околу петнаесетина квадратни метри и во неа е пронајдено големо количество различно оружје, но и огромна машина за мелење месо!

Ги мелеле телата на жртвите?!

Истражителите пронашле и индустриска машина за мелење месо во тајна просторија во близина на подрумот, а сега постои основано сомнение дека Беливук, попознат како Веља Невоља и Миљковиќ, ги мелеле своите жртви! Инаку, прекарот на Миљковиќ е „Касап“, а тоа беше објаснето со обвинувањата дека тој бил режисер на бруталните убиства.

По апсењето, при првото испрашување, протече веста дека Миљковиќ реагирал особено на истрагата за прекарот. Сега, откако е пронајдена индустриска машина за мелење месо, станува уште појасно зошто дури и деталното пребарување, копање, па дури и депонијата во Винча, до која водеа некои траги, не најде тела на брутално убиени жртви.

Тајна просторија полна со докази

Како што дознава српски „Блиц“, докази се пронајдени во тајната просторија, кои допрва треба да се анализираат.

– Тајната соба штотуку е пронајдена и засега е рано да се зборува за ДНК и на кого припаѓаат. Исто така, неверојатно е количеството пронајдено оружје – вели изворот на „Блиц“.

Куќа на ужасите во Ритопек

Беливук ја купил куќата на ужасите во Ритопек од член на неговата група, Владо Драганиќ (47), кој исто така беше уапсен на почетокот на годината како дел од криминална група. Се шпекулира дека Беливук платил над 100.000 евра бидејќи локацијата била идеална и за убиства и за трговија со дрога.

Сепак, Беливук не ја препишал на свое име, и сè уште е регистрирана на Драганиќ, кој, сепак, купи луксузен стан во населбата Звездара, во нова зграда, во време на продажбата на викенд-куќата. Во истата зграда, на другиот влез, стан има Беливук.

Засега постои основано сомнение дека во оваа куќа биле мачени, а потоа убиени навивачот Горан Величковиќ „Гокси“, Милан Љепоја и навивачот Здравко Радојевиќ, кој бил близок пријател на Миљковиќ „Касап“.

Слични содржини