Пашинијан: Прекинот на огнот не успеа, го направивме тоа што е до нас

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан изјави дека примирјето што стапи на сила во понеделникот наутро во Нагорно Карабах, не заживеа, објави „Спутник“.

Од друга страна, Азербејџан денес го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

– Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на Минската група, но ерменската страна направи се за да го почитува примирјето и армијата се воздржа. Но, во вториот дел од денот можеме да констатираме дека не успеавме да го зачуваме примирјето – рече Пашинијан во видеото објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Сузан Степанјан објави дека „азербејџанската армија денес дури го зголемила интензитетот на нападите, користела артилерија и тенкови, по линијата на раздвојување во Нагорно Карабах“, додаде „Спутник“.

loading...

Слични содржини