Пасошите кои истекуваат после 31 јули, ќе важат до 31 декември оваа година

од Nikola Popovski

„Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021“, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

Според него, со ова конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

„Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство“, додава Османи.

 

Слични содржини