Патарините се плаќаат затоа што патиштата се лицето на државата, изјави Бочварски

од Nikola Popovski

„Секако дека ќе се плаќаат патарини затоа што по Законот за ЈП во државава на сите автопати се плаќа патарина по такса утврдена со закон“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на прашање за целосната реконструкција и проширување на автопатот  Тетово – Гостивар.

Тој додаде дека тоа е исклучиво само поради аспектот да имаме модерни патишта и да можеме да ги одржуваме и во зимски услови да ги исчистиме од снег и да бидат во подобра кондиција.

„Патиштата се лицето на земјата. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид  во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Слични содржини