„Патоказот за нас е прифатливо решение“: Јуни шанса за изнаоѓање на решение со Бугарија

од Берта Китинска

Главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот, дека наше е тој патоказ да го дефинираме, а на членките на ЕУ паѓа бремето да го заштитат процесот на пристапување во ЕУ, вели Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Патоказот за нас е прифатливо решение кое ќе ја создаде таа предвидливост, сме го разговараме тој акциски план во неколку наврати, но мислам дека повеќе е обврска на земјите-членки да кажат каде ќе го стават тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков. Тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме тој акциски план да се дефинира што побрзо, изјави денеска Османи.

Тој уште еднаш повтори дека од наредните две години јуни е најдобрата шанса за решавање на спорот и почеток на преговорите, па затоа работат како идниот месец да е единствената шанса.

Премиерот Зоран Заев, денеска, ијзави дека целиот фокус на Владата е кон Бугарија со сите бугарски институции, пред се претседателот на Бугарија, Румен Радев, но и премиерот Стефан Јанев и министерот за надворешни работи, и додаде дека Владата се надева дека навистна во јуни ќе дадат поддршка да се направи следниот чекор во интегративните процеси на Македонија.

„Јас денеска ќе се слушнам со претседателот, којшто денеска попладнево се враќа, и ќе можам да поразговарам за самите детали, затоа што нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе стапи во контакт со министерот за надворешни работи на Бугарија. Пред два дена се слушнав со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и договоривме следни комуникации. Овие денови како што објави претседателот на Бугарија сепак тие го прават гестот на пријателство, очекуваме следната недела да направиме прва средба на граничниот премин, барем како што е најавено“, рече Заев и најави дека кабинетите се уште договараат и допрва треба да се види дали преку Црвениот крст на Бугарија на Македонија ќе се донираат 50 илајди вакцини против ковид-19.

Македонија од декември лани е со вето од Бугарија за старт на преговорите за членство во ЕУ. Софија го обвинува Скопје дека не го почитува Договорот за добрососедство, но инсистира и на тоа Македонија да признае бугарски корени на идентитетот и јазикот. Македонската влада вели дека идентитетот и јазикот се црвените линии и дека ниту се преговарало, ниту ќе се преговара за нив.

Слични содржини