Патриотот Пандов се заканува: „Ќе одговараат за велепредавство“

од Vladimir Zorba

„Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката „македонски“ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија. Оттука заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет“, вели Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука тврди тој, власта нема мандат и не смее да одлучува за македонската иднина.

„Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија“, посочува тој.

Слични содржини