Патрушев: Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американскиот воен дрон

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американскиот воен дрон кој падна во Црното Море, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, пренесе „Ројтерс“.

Во исто време, директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека постојат технички можности да се подигнат остатоците од американскиот дрон, пренесе РИА Новости.

„Ми се чини дека постојат такви технички можности“, одговори Наришкин на новинар во програмата „Москва.Кремљ.Путин“ на прашањето дали е можно да се најдат и проучат остатоците од американскиот дрон што се урна во Црното Море.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно изјави дека САД преземаат мерки за да се осигурат дека дронот што беше соборен над Црното Море нема да падне во „погрешни раце“.

„Без да навлегувам во премногу детали, она што можам да го кажам е дека презедовме чекори за заштита на нашиот имот во однос на тој конкретен дрон, тоа конкретно летало. И тоа е сопственост на Соединетите Американски Држави“, рече Кирби, додавајќи дека САД не сакаат никој да го држи дронот освен нив.

Слични содржини