Патрушев: Руски земјоделски извоз само во пријателски земји

од Vladimir Zorba

Рускиот министер за земјоделство, Дмитриј Патрушев изјави дека жетвата на жита во таа земја годинава би можела да достигне 130 милиони тони, што би било доволно за покривање на домашните потреби и обезбедување извозен потенцијал.

Говорејќи на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (SPIEF), тој укажа на голем број предизвици, како што се нарушените синџири на снабдување и тешкотиите со финансиските порамнувања, нагласувајќи дека Русија мора да ги надмине овие пречки за да обезбеди храна за земјите кои имаат најмногу потреба.

„Нашите земјоделски производи ќе бидат на странските пазари, но само во оние земји кои ни се пријателски расположени, кои не ни создаваат пречки и тешкотии“, изјави Патрушев на новинарите, пренесува Russia Today.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија очекува голем род на житни култури оваа година, вклучително и рекордна жетва на пченица, истакнувајќи дека голем број земји се соочуваат со закана од глад и дека вината за таквата ситуација е целосно на „западните елити“.

Слични содржини