Пациентката со коронавирус од Дебар влегла во многу критична фаза

од Aleksandar Todeski

Сите пациенти се со релативно стабилна, лесна до средна клиничка слика, освен пациентката која е на респираторна машина, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Пациентката која е на респираторна машина од касните часови навлезе во многу критична фаза, се прават напори од апсект на поддршка, но нејзината ситуација е покритична од изминатиот ден. Останатите се непроменети во однос на претходно. Направена е домашна визита кај скоро сите пациенти кои се на домашно лекување. Денеска ќе се заврши домашната визита и на останатите. Има пациенти кои избираат да не бидат хоспитализирани, а тоа го дозволува нивната клиничка слика“, потенцираше Филипче.

Тој кажа дека со цел да се спречат лажните вести и дезинормации, тој на дневна основа, откако ги има сите информации, редовно и точно ја информира јавноста.

„Ова го правиме од првиот ден, тоа ќе го правиме и во иднина. Информираме кога го имаме точниот број на позитивни и негативни тестови. Бројот на заболени ќе расте, тоа го очекувавме, а тоа е и според бројките на светско ниво“, истакна Филипче.

Слични содржини