Патување со авион: Што сè треба да знаете пред да полетате?

од desk4

Патувањето со авион на некои им е сосема нормална и рутинска работа, а други, дури и ако претходно летале многупати, повторно и повторно се чувствуваат напнато и неудобно.

Во авион мора да се однесувате примерно и со манири, исто како што правите кога патувате со друго превозно средство. Навистина не е пријатно да бидете „онаа здодевната личност“ која сите сме ја сретнале кога патуваме.

Pixabay

Придржувајте се до одредени правила, за да не го уништите ниту своето, ниту туѓото патување.

Не се собувајте боси

Непријатно е за вашите сопатници, а и навистина не би сакале да ја изложувате кожата на нечистотии. Ако веќе морате да ги собуете чевлите, останете во чорапи или во рачниот багаж носете влечалки.

Внимавајте кога го спуштате седиштето

Проверете дали има некој зад вас, прашајте дали ќе им пречи да го спуштите седиштето и не правете конфликти доколку патникот зад вас во моментот јаде или прави нешто друго.

Авионскиот тоалет не е бања

Користете го само за итни потреби и ако сакате да го освежите лицето со вода. Шминкањето и другите козметички активности оставете ги за дома или за во хотелот.

Внес на сопствена храна

Ако поради некоја причина не можете да ја јадете храната во авионот, повеќе компании дозволуваат да носите своја. Имајте на ум дека сите дишете „рециклиран“ воздух, па затоа не го „загадувајте“ со храна која мириса, како што се варени јајца, туна или храна која содржи многу зачини.

Не зборувајте премногу

Не секој сака да слуша приказни кои не го интересираат додека патува. Ако забележите дека сопатникот ви одговара само од култура, не инсистирајте на разговарање.

Слични содржини