Пауновски: Инспекторите со закон би можеле да казнуваат врз основа на слики и снимки

од Берта Китинска

Инспекторите засилено како и досега, ќе бидат на терен и за време на новогодишните празници, напомена директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

„ Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани.Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, изјави Пауновски.

Тој вели дека би можел да се подготви закон кој ќе овозможи да се казнува за прекршување на рестрикциите врз основа на фотографија или виде-снимка.

„Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и затекнеме нарушување на законските прописи“, изјави Пауновски.

Во Тетово денеска беа отворени новите простории на Државниот пазарен инспекторат .

Слични содржини