Пауза на „Рекет“, се чека брза помош да го прегледа Боки 13

од Vladimir Zorba

Адвокатот на првообвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, Сашо Дуковски на почетокот на денешното рочиште повтори дека неговиот клиент не е во состојба да го следи судењето.

– Како бранител на Бојан Јовановски ве известувам дека во текот на вчерашниот ден беше однесен на гастро и не беше од никој прегледан. Еден лекар го известил дека ради недостаток на медицинска документација не може да се изврши конзилиарно мислење. Должен сум да го известам овој судски совет, дека Бојан не е во состојба да го следи овој судски процес. Единствено нешто што ме извести е дека трпи ужасни болки и дека пред доаѓање на оваа рочиште му се дадени седативи за спречување на болките. Го молам судот да се изврши конзилиарно мислење. Ве молам да го имате во предвид дека обвинетиот не е во состојба да го следи судењето, изјави Дуковски.

Според судијката Васка Николовска – Масевска, Судскиот совет се уште нема добиено никакво известување од гастро и од затворскиот лекар.

– Ако е целта да се одложи рочиштето тогаш тоа нема да го дозволам, вели судијката.

Јовановски пред судот изјави дека многу му е лошо и има огромни болки во пределот на желудникот.

– Во текот на вчерашниот ден не бев прегледан од никој. Ова е еден вид тортура, истакна Боки 13.

Во моментов има пауза на рочиштето откако е повикана брза помош за да го прегледаат првообвинетиот. Јовановски

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини