Пауза од разговорите со Путин: Лукашенко се избања во Црното Море (ФОТО)

од Nikola Popovski

Претседателот Лукашенко ја искористи својата посета на Русија за да се бања во Црното Море за време на паузата во разговорите со претседателот Владимир Путин. Температурата на водата не била пречка за него.

„На сите кои се загрижени: Претседателот на Белорусија ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапи во Црното Море. Температурата на водата е плус 16“, се наведува во придружната порака со фотографијата на телеграм-каналот „Пул Први“.

Белорускиот претседател пристигна во регионот Краснодар во петокот за да разговара со Путин.

Состанокот на двајцата лидери траеше повеќе од пет часа.

Сепак, имаше време и за разговори во неформална атмосфера, за време на патување со брод на Црното Море.

Да потсетиме, Путин и Лукашенко разговараа за актуелни прашања, вклучително и за ситуацијата во врска со слетувањето на авионот на „Рајанер“, кој од Атина леташе кон Вилнус. Лукашенко изјави дека му донел документи на Путин кои ќе покажат што навистина се случило во Белорусија.

Слични содржини