Пазарната инспекција изрече 22 прекршочни платни налози со вредност над 1.300.000 денари

од Nikola Popovski

Од 27.03 до 09.04.2023 година извршени се над 1100 инспекциски надзори и издадени се над 230 прекршочни платни налози во вредност од над 7.727.000 денари, велат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Притоа, како што се соопштува, 50 се по Закон за трговија, 32 по Закон за угостителска дејност, 26 по Закон за заштита од пушењето, 80 по Закон за финансиска дисциплина и 16 прекршочни платни налози по Закон за енергетика.

Во врска со замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, од ДПИ информираат дека од денот на донесување на одлуките до сега, извршени се над 650 надзори и контроли и забележано е прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекти, за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1.300.000 денари. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последнатаизменета одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава.

Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Сл. Весник на РСМ бр. 78/23) донесена од страна на Владата, се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограмкромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограммандарини и до 60 денари за килограм лимони.

Слични содржини