Пазарниот уддел на 5Г смартфони на Хуавеј се предвидува да се намали годинава

од Nikola Popovski

Хуавеј е на прво место на глобалниот пазар на 5Г смартфони со испораки од 79,6 милиони единици (29,2%) минатата година, а зад него се Ејпл со 52,3 милиони единици (19,2%) и Самсунг Електроникс со 41 милиони единици (15,1%), објави на 1 јануари Стратеџи Аналитикс, фирма за истражување на пазарот. Притоа е споменато дека Ејпл и Самсунг годинава ќе го надминат Хуавеј.

 

Во 2019 година кога беше претставена 5Г технологијата, удделот на пазарот на Хуавеј и Самсунг беа 37,2, односно 36 проценти. Минатата година Хуавеј сепак ја зголеми разликата со брзото ширење на технологијата во Кина. Ејпл во меѓувреме го зазеде второто место благодарение на огромната популарност на серијата iPhone 12, нејзините први 5Г смартфони.

 

Според истата фирма за истражување на пазарот, глобалниот пазар на 5Г смартфони се очекува да достигне 600 милиони единици годинава, што е повеќе од двојно од ланската големина, а пазарниот уддел на Ејпл и Самсунг Електроникс се очекува да биде 29, односно 16,8 проценти.

 

„Уделот на пазарот на Хуавеј за годинава се проценува дека ќе се намали на 3,4 % по трговските спорови меѓу САД и Кина. Се проценува дека удделите на Vivo, Oppo и Xiaomi ќе изнесуваат 13,9, односно 12,8 и 11,7 проценти“, велат од Стратеџи Аналитикс.

loading...

Слични содржини