Пазарот на паметни телефони во Европа забележува раст во третиот квартал

од Vladimir Zorba

Откако неодамна се појавија податоци за развојот на пазарот за паметни телефони во третиот квартал од годината во светски рамки, сега имаме бројки за Европа. Информациите на компанијата за пазарни анализи Canalys соопшти дека вкупно 52,5 милиони уреди биле испорачани на континентот, што претставува зголемување од 8% на годишна база.

Samsung гозголемува своето водство за да достигне удел на пазарот од 35,7% со испорачани 18,7 милиони уреди и раст од 26% во однос на истиот период во 2018 година. Втората позиција останува за Huawei, кој задржува 11,6 милиони испораки на смартфони, со удел од 22,2%. Компанијата добро напредува и покрај санкциите, откако закрепнувајќи од пријавениот пад во вториот квартал.

На третото место е Apple со 9,8 милиони испораки, но пад од 4% на годишна база. Четврти е Xiaomi со испорачани 5,5 милиони уреди и раст од 73% во однос на истиот период минатата година. Првите пет ги надополнува HMD Global, производителот кој стои зад смартфоните брендирани со Nokia, кој испорача само 0,9 милиони телефони во однос на 1,2 милиони претходната година.

Од Canalys посочуваат дека проблемите на Huawei дозволиле развој на други кинески производители кои веќе имаат присуство на континентот. Во меѓувреме, Huawei напредува подобро во Централна и Источна Европа, а продажбата тука во голема мерка го компензираат падот во Западна Европа. Canalys очекува следната година дека на пазарот ќе бидат достапни голем број на 5G паметни телефони од средна класа.

Слични содржини