Пазарот на премиум смартфони бележи сериозен пад

од Vladimir Zorba

Компанијата за пазарни анализи, Counterpoint Research го објавува своето истражување на пазарот за премиум смартфоните во третиот квартал од годината. Вонего се вклучени испораки на уреди со цена од над 400 американски долари, и генерално бележи пад од 7% на годишна база. Сепак, интересно е да се разбере дека 5G уредите веќе сочинуваат 5% од овој пазар.

Во овој дел, Samsung води со 74% удел на пазарот, а потоа следува LG со 11% и vivo со 5%. Главните продажби се направени во Јужна Кореја, Северна Америка и Кина, а најпродаван модел е Samsung Galaxy S10 5G, кој има една третина од сите испораки.

Во однос на целиот премиум пазар на смартфони, лидер е Apple, кој има 52% од истиот. На второ место е Samsung со 25%, а првите три е дополнет Huawei со 12%. Далеку зад niv се OnePlus и LG, кои имаат 5% и 2%, соодветно.

Apple известува за силна првична продажба за новите модели на iPhone 11, а исто така продолжува да го нуди и iPhone XR, кој е исто така и најпродаваниот модел во сегментот. Huawei ја задржува својата позиција главно заради пазарот во Кина, каде 80% од продадените премиум уреди се од оваа компанија.

Од Counterpoint очекуваат дека претставувањето на Кинезите ќе се влоши на меѓународните пазари поради недостаток на пристап до услугите и апликациите на Google.

Слични содржини