Пеце Суперхикс ја тргна објавата за неговиот син поради негативни коментари и навреди

од Vladimir Zorba

Музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, посочува дека алармот на институциите е вклучен, откако објави дека неговиот син бил нападнат во Капиштец.

Младеновски кажа дека ја тргнал објавата од социјалната мрежа „Фејсбук“, поради негативни коментари, навреди, генерализирање и поистоветување на сите штитеници со криминалци или насилници, повици за напади, и ширење на лаги.

„Надлежните и одговорните се запознаени. Алармот е вклучен! Случајот е пријавен (полиција, инспектори за малолетна деликвенција итн итн) сѐ е документирано и очекуваме како семејство реакција од сите засегнати (Домот, Минис.за труд и социјала, МВР, Општината можеби со некаква иницијатива или слично). Искрено се надевам дека овие (сите) деца ќе бидат на некој начин подобро згрижени. Но, не можеме да дозволиме ова да се премолчи и повторува катадневно! И за Нив и за Нас!“, напиша Младеноски.

Слични содржини