Педесет и осум години од изградбата на Берлинскиот ѕид

од Vladimir Zorba

Во Берлин денеска се одбележува 58-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, кој во текот на Студената војна го делеше градот на два дела, во поделената комунистичка Источна Германија и Западна Германија.

Sидот, долг 160 километри и висок 3,6 метри, станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Тој ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и еден ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961 година. Ненадејната градба предизвикала многу семејства да останат поделени.

Sидот бил целосно урнат кон крајот на 1989 година, освен еден дел кој се уште стои како спомен на тоа време. Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија, обидувајќи се да пребегаат во Западен Берлин.

Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна.

Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990 година.

Слични содржини