Педри прогласен за „Златното момче“ на европскиот фудбал!

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната фудбалска награда „Златно момче“, соопштено е денеска.

Станува збор за награда која ја доделува италијанскиот весник „Tutto sport“, која е наменета за најдобриот играч во Европа до 21 година.

„Благодарен сум за овој трофеј, кој ме прави горд. Благодарност до сите членови на жирито и обожаватели кои секогаш ме поддржуваа во оваа неверојатна 2021 година. Секако, благодарен сум на Барселона, репрезентацијата, моето семејство, пријателите и оние кои беа со мене од ден на ден и без кои не би можел да ја освојам оваа награда“, изјави Педри, кој наградата ќе ја добие во декември во Торино.

Победникот го избираат 40 спортски новинари од најпрестижните европски медиумски куќи.

Како што беше најавено, дури 24 членови на жирито го ставија Педри на прво место по својот избор, девет на второ и тројца на трето. Тоа значи дека Шпанецот собра вкупно 318 гласови. На второто место се најде англискиот фудбалер Џад Белингем, со 119 гласови. Ова е најголемата разлика меѓу добитникот на наградата и вицешампионот во историјата.

Минатата година наградата му беше доделена на Ерлинг Халанд, а во минатото ја добија и Жоао Феликс, Килијан Мбапе, Рахим Стерлинг, Пол Погба, Серхио Агуеро, Лионел Меси, Вејн Руни итн.

Слични содржини