Педро Алмодовар го сними првиот филм на англиски јазик (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот шпански кинематограф Педро Алмодовар, по големиот успех на неговиот филм „Болка и слава“, одлучи да го сними својот прв филм на англиски јазик (сите филмови досега се на неговиот мајчин шпански јазик).

Во текот на летото, тој сними нов краткометражен филм наречен „Човечкиот глас“. Филмот, кој трае 30 минути, премиерно беше прикажан во септември на филмскиот фестивал во Венеција. Сепак, во кината нема да пристигне до 5 март следната година.

Првите критики се одлични. Експертите сметаат дека Алмодовар на крајно необичен начин ги претставил најдобрите елементи од неговиот славен филмски стил. Критичарите се согласуваат дека Тилда Свинтон е божествена во главната улога и дека нејзиниот изглед го привлекува целото внимание на публиката. Тие веруваат дека познатата актерка успеала да го „осветли филмското платно“ со својот жар.

Слични содржини